Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед денеска славеше против Евертон со 3-1 на тешкото гостување. „Ѓаволите“ не се убедливи и играат променливо, но денеска го преживеаа незгодниот тим на Карло Анчелоти.
Три од четири гола беа постигнати во првиот дел. Бернард му донесе водство на Евертон од 1-0, откако го матираше Де Хеа.
Бруно Фернандеш потоа му носи пресврт на гостинскиот тим. Најпрво во 25. минута со гол со глава израмни на 1-1, а потоа погоди и за 2-1. Тој се обиде да испрати центар-шут, кој заврши во мрежата на Џордан Пикфорд.
Во продолжение Евертон напаѓаше, но не успеа да постигне гол, па казната пристигна преку Едисон Кавани во последните секунди, кога погоди за конечни 3-1.