Евертон во пол позиција за фудбалер на Реал Мадрид: Анчелоти со 40 милиони фунти го лови Хамес

Евертон води во битката за ангажман на Хамес Родригез од редовите на Реал Мадрид.

Ваквите најави ги пренесува „Ел Десмарк“ кој пишува дека Евертон е подготвен да плати дури 43 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на колумбискиот фудбалер.

Карло Анчелоти ќе има пари за трошење во јануари, а интересно е тоа што тој го донесе Хамес во Реал Мадрид, а потоа го зеде и во Баерн Минхен.