Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е среќен во клубот и тоа јасно го кажа во разговор со Пирс Морган, по што доби жестоки критики од јавноста, навивачите и раководството на тимот кое сака да го избрка.
Роналдо конечно доби и поддршка од страна на поранешен колега, а тоа е Патрис Евра.
„Ова е лош момент за Роналдо и има многу луѓе кои го критикуваат, но сепак сите сме луѓе. Не сакам никого да бранам, но кога сте повредени, може да направите грешки. Мислам дека Роналдо ќе го искористи Мундијалот за да покаже дека е најдобар во светот. Тој беше исвиркуван на последниот натпревар од своите навивачи и тоа беше болно“, вели Евра.