Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Патрис Евра се потсети на детството, кога му било многу тешко, па морал да проси сред Париз.
Евра вели дека тоа му помогнало и потоа го почитувал тоа што го заработувал.
„Ќе бидам искрен и ќе кажам дека тоа беше тешко детство. Имав многу браќа и сестри и не ми беше лесно. Бев во Париз на улица, понекогаш немавме пари за храна. Не се плашам да кажам дека сум просел пред продавници. Некои ми даваа пари, некои не…“, кажа Евра.
Евра кариерата ја заврши во Вест хем, а настапуваше уште и за Јувентус, Монако, Марсеј…