Евролигата го објави тимот на деценијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евролигата го објави најдобриот тим од последната деценија.

Како последен член на тимот во Евролигата го именуваше Гркот Василис Спанулис. Фантастичниот грчки кошаркар е најдобриот стрелец во историјата на Евролигата со 4.239 поени, а прв со 1.516 асистенции. Спанулис освои три европски клупски титули, со Панатинаикос (2009), потоа двапати во дресот на Олимпијакос (2012, 2013) и три пати беше МВП на завршниот турнир во Евролигата, а тоа му успеа само на Тони Кукоч.

Заедно со Спанулис, во тимот на деценијата се и неговите сонародници Димитрис Дијамантидис и Георгиос Принтезис, Шпанците Серхио Љуљ и Хуан Карлос Наваро, Србите Богдан Богдановиќ и Милош Теодосиќ, Французинот Нандо де Коло, Словенецот Лука Дончиќ и Американецот Кајл Хајнс.