Евролигата реши: Ф4-турнирот во 2021 година ќе се игра во Келн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршниот турнир на кошаркарската Евролига ќе се одржи во Келн од 28 до 30 мај следната година, а информацијата беше потврдена на сајтот на натпреварувањето.

Овој град на западот на Германија требаше да биде домаќин и следната сезона, но натпреварувањето беше прекинато поради пандемијата на ковид-10.

„Одржување на првиот Ф4-турнир во новата деценија во врвна арена и ваков град кој нема свој тим во натпреварувањето покажува колку сме посветени на Евролигата“, соопштија од натпреварувањето.

Германија претходно двапати беше домаќин на Ф4-турнирот, односно двапати завршниот турнир се одржа во Берлин, во 2009 и 2016 година.