Европа го избра Левандовски, но остатокот од светот ја реши битката за „Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси во понеделникот ја освои седмата „Златна топка“ во Париз. Тој имаше 613 бодови, односно 33 повеќе од Роберт Левандовски, додека трет заврши Жоржињо со 460.

За многумина е неправедно тоа што Меси ја доби наградата пред Левандовски, но Аргентинецот имаше повеќе гласови, додека Европа едногласно одлучи – Полјакот е најдобар.

Европските новинари му дале 198 бодови на Левандовски, како и 151 на Меси, но новинарите од остатокот на светот ја решиле битката со тоа што му дале 462 бода на Аргентинецот, а 382 на Полјакот.

„Франс Фудбал“ би можел наградата за 2020 година да му ја додели на Левандовски, но уредникот на францускиот магазин кажа дека има уште време за носење на таква одлука, а таков потег споменаа и Гери Линекер, Лотар Матеус и Патрис Евра.