Европа и Лапорта треперат поради Реал Мадрид поради голем трансфер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не може да го поднесе фактот дека Реал Мадрид би можел следното лето да ги ангажира Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

„Кралевите“ се заинтересирани за двајцата фудбалери, но Лапорта се труди да го спречи трансферот на Норвежанецот, кој сака да го види во неговата екипа.

Шпанска „Марка“ тврди дека Барселона и многу други европски тимови се загрижени дека Реал Мадрид може да ги купи двете ѕвезди.

Исто така, медиумот пишува дека Лапорта е опседнат со норвешкиот напаѓач и подготвен е да направи што е потребно за да го земе во свои редови.

Меѓутоа се поставува прашањето дали е можно Барселона да го ангажира Халанд затоа што за него треба да плати 300 милиони евра, а во моментов е во финансиска криза.