Европа во „војна“ поради Елмас: Тотенхем со нова понуда за македонскиот репрезентативец


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тотенхем е најновиот клуб кој се приклучи во борбата за потписот на фудбалерот на Фенербахче и македонски репрезентативец, Елиф Елмас.

Турските медиуми пишуваат дека Тотенхем ќе ги следи стапките на Лацио, па ќе испрати понуда од 20 милиони евра за Елмас, кој сезонава настапува одлично за турскиот клуб, како и за нашата селекција.

Фенербахче нема многу избор кога станува збор за трансфери бидејќи должи околу 60 милиони евра, па сумата од 20 милиони евра за Елмас добро би им дошла за покривање на дел од долговите.

Сепак, на лето се очекува голема борба за Елмас, за кого интерес покажаа уште Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.