Европа зачудена: Погба има неверојатно барање, а за реализација ќе добие помош од Рајола!?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Пол Погба сака да се пресели во Реал Мадрид, па тој му порачал на агентот Мино Рајола да му договори преселба кај Зинедин Зидан, а постои интерес и од шпанскиот клуб за соработка.

Англиските медиуми имаат и друга теорија, а таа е дека Погба сака поголема плата (од околу 10 милиони фунти), па поради тоа бара трансфер во Мадрид, но засега ништо не е сигурно.

Од друга страна, Французинот бара да биде најплатен фудбалер во Мадрид, односно да добива околу 16 милиони евра, еден повеќе од Герет Бејл, но очигледно тоа е единствениот начин да се реализира трансферот.

Исто така, Бејл не е во плановите на Реал, но не сака да замине, а Јунајтед е еден од тимовите кои би го прифатил во екипата. Тој би можел да добие голема плата, повеќе од таа што ја добива во Реал.

Останува да се види што ќе се случи до наредното лето, но со контроверзниот агент може да се очекуваат многу работи.