Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија почна истрага против фудбалерот на Манчестер јунајтед, Едисон Кавани поради „расистички говор“ на социјалните мрежи.
Уругваецот по победата против Саутемптон (3-2) објави приказна на Инстаграм со зборовите „грасијас негрито“ испратени кон неговиот пријател, а тие беа земени како расистички говор.
Клубот објасни дека 32-годишниот напаѓач зборовите ги искористил во афект, па се додава дека тие имаат поинакво значење во Уругвај.
Кога му објасниле на Кавани како би можела да биде разбрана неговата порака на Островот, тој веднаш ја избришал објавата од социјалните мрежи.
Англиските медиуми пишуваат дека во најлош случај Кавани би можел да биде казнет со суспензија од три натпревари.