Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ал Итихад претстави уште едно големо засилување за следната сезона, а тоа е Фабињо кој доаѓа од редовите на Ливерпул.
Фабињо одигра 219 натпревари за Ливерпул, а притоа постигна 11 голови и освои седум титули со премиерлигашот.
Искусниот фудбалер во Ал Итихад им се приклучува на Н’голо Канте, Карим Бензема и Жота, а Ал Итихад наскоро ќе тргне по уште неколку ѕвезди.
Фабињо во текот на кариерата играше и за Монако, Реал Мадрид и Флуминенсе.