Фабрегас знае кој би можел да го замени Бензема во Реал Мадрид!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Килијан Мбапе веќе долго време се споменува како голема желба на Реал Мадрид, а шпекулациите за неговото заминување се актуелни бидејќи Французинот не сака да потпише нов договор со ПСЖ.

Сепак, има и такви кои му даваат совети на Реал Мадрид да бара засилување на друго место, односно фудбалер кој би можел да го замени Карим Бензема во иднина, а според Цеск Фабрегас таков играч е Хари Кејн.

Бензема во минатата сезона постигна 30 голови во 46 натпревари, но има 33 години и договор до крајот на следната сезона.

„Веќе долго време мислам дека Кејн би бил совршена замена за Бензема во Мадрид. Кејн би бил вистински избор за Реал. Тој веќе пет или шест години е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, вели Фабрегас.