Фалкао си заминува од Монако и се враќа на местото каде стекна светска слава


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао ќе си замине од редовите на Монако и кариерата ќе ја продолжи во тимот каде што стекна светска афирмација.

Според „Мундо Депортиво“, Фалкао ова лето ќе се врати во редовите на Атлетико Мадрид, шест години откако си замина од клубот за да направи богат трансфер во Монако.

Фалкао имаше солидна сезона зад своето име постигнувајќи 16 погодоци на вкупно 38 натпревари за Монако во Ла Лига и во Атлетико ќе пристигне како замена за Диего Коста кој ќе си замине од клубот, но ќе треба да ја пополни и празнината што ќе настане со заминувањето на Антоан Гризман.