Фановите на Манчестер Јунајтед конечно добија позитивни вести, ѕвездата во подем останува во клубот


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Од Манчестер Јунајтед потврдија дека младиот и талентиран голман, Дин Хендерсон ќе остане во клубот.

23 годишниот голман потпиша шестгодишен договор со тимот на Манчестер Јунајтед и голема е веројатноста тој да остане во клубот и следната сезона да се бори со Де Хеа за првотимски статус.

Хендерсон со новиот договор ќе заработува 120.000 фунти неделна плата со што ќе стане еден од најплатените светски голмани.

Голманот потекнува од академијата на Јунајтед, но досега нема ниту еден официјален натпревар за „ѓаволите“.