Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот медиум „АС“ организираше анкета за тоа кој фудбалери треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.
На анкетата гласаа вкупно 160.000 фанови кои беа на ставот дека Еден Азар е нивен прв избор за актуелниот преоден рок.
Фановите посакуваат ангажман и на Лука Јовиќ кој се најде на втората позиција на листата на „АС“, додека трет играч кој е посакуван од навивачите е Кристијан Ериксен.
Интересно е тоа што Пол Погба доби само 13.800 гласови и со тоа е на шестата позиција од можните засилувања на „Кралскиот клуб“.
Вака изгледа комплетната листа на „АС“
- Еден Азар- 53.700 гласови
- Лука Јовиќ- 34.700 гласови
- Кристијан Ериксен- 25.300 гласови
- Нејмар- 16.900 гласови
- Тангуј Ндомбеле- 16.400 гласови
- Пол Погба- 13.800 гласови