Фантастичен гол на Пепе, па аматерска грешка на Арсенал! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал загуби во Премиерлигата и не успеа да фати приклучок кон екипите кои се борат за пласман во Лигата на шампиони, откако денеска одигра само 1-2 против Брајтон.

Николас Пепе постигна феноменален погодок за водство на „топчиите“ од 1-0 во 68. минута, но нивната предност не траеше долго затоа што повторно одбраната реагираше аматерски.

Секако, грешката во одбраната ја искористи Луис Данк, кој без многу мака ја смести топката во мрежата на Арсенал за 1-1, а потоа Брајтон постигна уште еден гол за конечни 2-1.

Арсенал има 41 бод по денешниот меч, односно седум помалку од четвртата позиција на табелата.