Фантастичен трансфер за македонски услови: Стојановски од Ренова во Лига 1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот и талентиран напаѓач на Ренова, Влатко Стојановски од следната сезона ќе настапува во една од најсилните 5 светски лиги откако се договори за трансфер во редовите на францускиот Ним.

22 годишниот напаѓач сезонава што измина бешеубедливо најдобар фудбалер на Ренова со постигнати 18 погодоци и запишани пет асистенции.

Клубот од Џепчиште за неговите услуги ќе добие одлични 1.5 милиони евра, а Стојановски наскоро треба да биде претставен во клубот кој минатата сезона заврши на средината на табелата во Лига 1.

Претходно во својата кариера, Стојановски освен во Ренова настапуваше и за Металург и хрватските Дугопоље и Сплит.