Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четири големи имиња ќе го напуштат Манчестер Сити во летото 2025 година и по нивното заминување, клубот од „Итихад“ ќе изгледа доста поинаку.
Најзвучното име без сомнеж е Кевин де Брујн. Тој веќе 10 години е дел од Граѓаните, освоил сè, но бидејќи ќе наполни 34 години, раководството на Сити смета дека е време за негово заминување.
Вишок кај Пеп Гвардиола е и дефанзивецот Кајл Вокер. Тој е во клубот веќе осмата година, ќе го прослави 35. роденден на крајот од сезоната и шпанскиот тренер верува дека тој дал доволно за клубот. Исто така заминуваат и Едерсон и Џек Грилиш
Пеп Гвардиола сигурно ќе бара нови решенија на пазарот. По овие заминувања се очекува спектакуларно лето за Сити, а веќе се поврзуваат некои големи имиња со клубот.
Џамал Мусиала и Флориан Вирц се играчи кои Гвардиола ги посакува, тука е и ѕвездата на Реал Мадрид Родриго и со нив Граѓаните би изгледале дефинитивно помлади и помоќни во офанзивниот дел од играта.