Фантастични вести за Јокиќ и Денвер пред плејофот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Се наближува почетокот на плејофот на НБА лигата, а и оваа година Денвер ќе ги има своите шанси да стигне до доцните фази на натпреварувањето. Од Колорадо пристигнуваат уште добри вести, бидејќи Пејтон Вотсон се враќа во тимот.

Високиот бек се повреди на почетокот од февруари и по нешто повеќе од месец дена отсуство ќе се врати на теренот во клучниот дел од сезоната. Вотсон е важен играч за екипата на Давид Аделман и ќе биде вистинско освежување во завршницата на регуларниот дел на сезоната.

Вотсон оваа сезона има многу добра статистика. Во просек постигнува 14,9 поени, а на тоа додава и 4,9 скока и две асистенции.