„Фатен“ додека се полни гориво: Сер Алекс Фергусон вози вистинска машина!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вози вистински ѕвер.

78-годишниот Ферги бил „фатен“ во Чешир додека се полнел гориво и во таа прилика можел да се види како вози воодушевувачки луксузен мерцедес-бенз.

Исто така, се забележува дека легендарниот Фергусон носи маска. Значи, тој е еден од совесните граѓани кој се грижи за своето здравје за време на пандемијата на Ковид 19. Покрај тоа, Фергусон спаѓа во ризичната група поради возраста и здравјето, затоа мора да биде дополнително заштитен.

Да потсетиме, тој имаше мозочен удар пред нешто повеќе од две години, но судејќи според најновите фотографии, се чувствува добро и нема големи здравствени проблеми.

Говорејќи за него, би било исправно да споменеме барем некои од фантастичните трофеи што ги освои додека беше тренер на „црвените ѓаволи“.

13 титули во Англија, две титули во Лига на шампиони, пет купови во ФА, четири Карлинг купови… ова се само некои од подвизите со кои може да се пофали оваа легенда.