Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Како што е познато, Ханси Флик не смета на младиот Шпанец и Барселона уште пред неколку недели му соопшти дека за него е најдобро да пронајде нов клуб, а тоа ќе биде – Монако.
Иако станува збор за позајмица, Монако ќе има обврска да го откупи следното лето за 14 милиони евра. Сепак, Барселона ќе вклучи и клаузула за враќање по која потенцијално во иднина може да го врати доколку исплати 28 милиони евра.
Фати не сакаше ни во еден друг клуб, му се допадна проектот на Монако, со кој ќе игра и во Лигата на шампионите.
Фати, после тешка повреда на коленото во есента 2020 година, мина низ вистински пекол поради кој никогаш не ја пронајде вистинската форма.
Тој отиде на позајмица и во Брајтон, но таму исто така го следеа повредите, па затоа и формата му беше слаба.
Тој е дете на Барселона, во еден период го наследи бројот 10 од Лео Меси, но тоа беше премногу за него.
Целиот свет се надева дека Фати во Монако ќе успее да ја пронајде својата форма и да ја врати старото сјај, бидејќи, да потсетиме, тој има само 22 години.
Фото: Принтскрин