Федерер: Ѓоковиќ ќе биде еден од фаворитите во Австралија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лејвер купот се игра следната недела, а Роџер Федерер зборуваше за иднината на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Федерер смета дека Ѓоковиќ ќе игра врвен тенис и во 2025 година, па го посочи како еден од главните кандидати за трофејот на Австралијан опен.

„Новак го освои олимпиското злато и играше речиси цела сезона. Не се откажа поради повреда, туку избра да игра помалку, а тоа е нормално кога ќе бидете возрасни. Мислам дека и во Австралија ќе биде еден од фаворитите“, кажа Федерер.