Федерер кажа еден куп пофални зборови за Ѓоковиќ (Видео)

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја заврши кариерата, откако го одигра последниот меч во двојки заедно со Рафаел Надал на Лејвер Купот.

Федерер се забавуваше со неговите колеги, а одличен меч одигра и Новак Ѓоковиќ кој славеше против Матео Беретини.

Поранешниот прв рекет во светот имаше само пофални зборови за Ѓоковиќ.

„Навистина е убаво да се види вакво нешто, посебно откако Ѓоковиќ не играше неколку месеци. Каква контрола…“, кажа Федерер.