Федерер ќе донира пола милион евра за децата во Украна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кажа дека ќе донира пари за децата во Украина, а притоа кажа дека е тажен поради сликите кои ги гледа од војната меѓу Украинците и Русите.

Легендарниот играч кажа дека ќе се обиде да помогне на сите загрозени деца во Украина.

„Ќе обезбедиме помош за украинските деца, околу шест милиони од нив не се на училиште и сите знаеме дека им е потребно образование. Исто така, ќе ги поддржиме во овие лоши моменти“, напиша Федерер.

Федерер најави дека ќе исплати 500.000 долари на децата од Украина за нивното образование преку хуманитарна фондација.