Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе има состанок со докторите во недела за да донесе одлука за неговата иднина, односно дали ќе настапи на Ју-Ес Опен.
Освојувачот на 20. гренслем-титули во недела наполни 40 години, а не играше од претходниот гренслем-турнир, кога на Вимблдон стигна до четвртфинале.
Федерер во тенисот се врати во март по 15-месечна пауза предизвикана поради операцијата на десното колено, а за швајцарскиот медиум „Блик“ објави дека во моментов се одмара.
„Во моментов сум на одмор, веќе некое време ништо не правам поради коленото. Морав добро да размислам по Вимблдон. Оваа недела ќе имам состанок со тимот и докторите, па ќе решиме како ќе биде во иднина“, вели Федерер.