Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во разговор за „Њујорк Тајмс“ кажа дека на крајот на кариерата изгубил сè, но сепак се чувствува среќно.
Освојувачот на 20 гренслем-титули го одигра последниот меч на Лејвер купот, каде што во двојки настапи со големиот ривал Рафаел Надал.
„Некако чудно ми изгледа ова, но на крајот загубив сè. Последниот меч во сингл го загубив, последниот меч во двојки го загубив. Поразена беше мојата екипа, загубив од колегите, а на крајот останав и без мојата работа, но сепак се чувствува исполнето, добро и позитивно“, кажа Федерер.
Швајцарецот по три операции на десното колено во последните години реши да ја заврши кариерата.