Федерер не издржа: Швајцарецот се повлече од Мастерсот во Рим!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роџер Федерер, како и останатите тенисери, вчера одигра два меча на Мастерсот во Рим. Најпрво во второто коло го победи Соуза, а потоа го елиминираше и Борна Чориќ.

Тоа влијаеше на неговата физичка состојба, па Федерер реши да го предаде четвртфиналниот меч, кој требаше денеска да го игра против Стефанос Циципас. Па така Гркот полесно од очекуваното стигна до полуфиналето во Рим.

Засега не е познато колку е сериозна повредата на Федерер, но се верува дека не е ништо опасно и дека ќе биде подготвен за Ролан Гарос.

Инаку, Циципас во полуфинале ќе игра против подобриот од шпанскиот дуел меѓу Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.