Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои 21. гренслем-трофеј и стана нов рекордер, откако Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија, а за тоа време Роџер Федерер ги гледаше неговите ривали и што се случува со нив.
Швајцарецот е далеку од тенискиот терен, откако минатата година повторно го оперираше коленото, но дури и на 41 година не се откажува од спортот.
„Ова е тежок и тажен период за мене. Во април ќе знам како ми реагира телото и кога ќе можам да се вратам. Сега не можам да трчам или да правам било какви движења како скокање или нагло да менувам правец. Но, се надевам дека тоа ќе се поправи во следниот период“, вели Швајцарецот.
Неговите најголеми ривали најверојатно ќе ја дополнат колекцијата од гренслем-трофеи, додека Федерер се надева само на тоа дека барем уште еднаш ќе заигра тенис на теренот.