Федерер објасни зошто Вимблдон му е толку важен во кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер смета дека е подготвен за гренслем-турнирот Вимблдон, иако во претходниот период го мачеше повреда.

Негов ривал на стартот на турнирот е Адријан Манарино, кој досега го победи дури шест пати, па се надева на нова победа.

Овој турнир му е поважен во однос на претходните, а тоа го потврди и за медиумите.

„Ми требаа неколку дена за да разберам што можеме, а што не. Долго време доаѓам тука, а сега се разликува во однос на тоа што беше пред 20 години. Претходно доаѓав со семејството и шетав., но сега се чувствувам привилегирано зашто можам да играм тука. по тоа што го минав, ова е одлично. Среќен сум“, кажа Федерер.

На Ролан Гарос стигна до втората недела од турнирот, но се откажа, па новинарите ги интересираше дали може да го повтори истиот успех во Лондон.

„Овде сум и имам шанси. Знам дека ако влезам во втората недела, што ми е цел, ќе станам посилен. Мислам дека тоа е можно. Доаѓам тука посилен од било кога“, вели Федерер.