Федерер објави лоши вести: Како ќе ме паметат луѓето?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роџер Федерер и официјално потврди дека нема да игра на Австралијан опен затоа што уште не почнал ниту со основни тренинзи по операцијата на коленото.

Швајцарецот го одигра последниот меч во четвртфиналето на Вимблдон во јули, но сега го чека долга пауза.

„Сакав да направиме детални прегледи пред да дадам официјална изјава и прегледите беа охрабрувачки. Почнав долг период на рехабилитација во кој ги вложив душата и телото. Ситуацијата не е како во 2016 година, па затоа мора да бидам трпелив. Како ќе ме паметат луѓето? По последниот сет на Вимблдон во јули? Или моите гренслем-трофеи и тоа што го правев на теренот? Се обложувам дека ќе биде како тоа последното…“, вели поранешниот најдобар тенисер во светот.