Федерер по освоената титула во Базел: Се извинувам, ама морам да се повлечам од Париз…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се повлече од Мастерсот во Париз за да може да одмори и да се подготви за завршниот турнир во Лондон.

Федерер вчера ја освои десеттата титула на турнирот во Базел, а тоа беше негова четврта титула сезонава и вкупно 103. во кариерата.

„Многу сум разочаран што морам да се повлечам од Мастерсот во Париз, но морам да се поштедам себе затоа што сакам да играм што е можно подолго. Се извинувам на француските навивачи, кои ќе ги видам наредната година на Ролан Гарос“, порача Федерер.

Место на завршниот турнир, покрај Федерер, обезбедија и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Данил Медведев, Доминик Тим и Стефанос Циципас, додека последните два патници во Лондон ќе бидат познати по турнирот во Париз.