Федерер се враќа на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер се враќа на Вимблдон, каде што освои осум гренслем-титули во кариерата.

Швајцарецот не се враќа како тенисер, туку ќе има друга улога на турнирот во Лондон, односно ќе стане доживотен почесен член на организацијата Вимблдон.

„Федерер е голем шампион. Со задоволство можам да кажам дека тој ќе биде наш нов член во организацијата. Добредојден е во секое време“, кажа директорот на Вимблдон.