Федерер во пензија заработи 2,24 милијарди евра: Никој не знаеше што прави додека игра тенис, сега му се враќа


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во текот на играчката кариера Роџер Федерер дел од заработените пари ги вложил во компанијата “On”, која извонредно брзо расте во светот на спортот и производството на спортска опрема. Затоа во текот на минатата година, официјално како пензионер, заработил сериозни пари.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер веќе неколку години е пензионер, но сè уште блиско поврзан со светот на професионалниот спорт – преку компанијата во која паметно инвестирал и која му е денес главен извор на приходи. Швајцарецот за време на играчката кариера заработил околу 130 милиони американски долари, а знаел да ги пласира паметно кога станал свесен дека повеќе не може да игра против најдобрите.

Во 2019 година Роџер Федерер одлучил да дел од заработените пари инвестира во компанија што се занимава со производство на спортска облека и обувки. Нормално, специјализирани се за тенис, нивното лого често можеме да го видиме на најголемите светски турнири, а компанијата донесува огромни приходи на Швајцарецот кој веќе неколку години ужива во пензија.

Се претпоставува дека Роџер Федерер има околу 3 проценти удел во сопственичката структура на компанијата која е основана во 2010 година, а која светската популарност ја доби токму во годините кога славниот спортист решил да вложи во неа. Меѓу основачите е и Оливер Бернхард, швајцарскиот “Ајронмен” кој развил сосема нова технологија за производство на спортска опрема, но “Најк” со кој имал соработка тогаш не сакал да започне нов проект.

Компанијата “On” со седиште во Цирих објави неодамна своите деловни успеси за 2024 година. Само во една година фирмата во која своевремено инвестирал Роџер Федерер остварила приходи од 2,42 милијарди евра! Објавено е и дека во последната година акциите пораснале околу 41 процент, надминувајќи ги клучните ривали како Најк и Адидас.

Фото: Принтскрин