Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер загубил најмалку 200 милиони долари, а причина за тоа е војната во Украина.
Федерер има има акции во компанијата „Он“ за производство на спортска облека, а поради војната во Украина цената на акциите паднале и Швајцарецот има голема загуба.
„Треба да се нагласи дека берзата е непредвидлива и скок на акциите во краток временски период ќе ја надокнади штетата на Федерер, па би можел дури и да заработи“, велат швајцарски експерти.
Поранешниот број еден во светот само од награди на турнирите заработи 130 милиони долари, а се наоѓа на третото место по заработка зад Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.