Федерико по стапките на Енрико: Семејството Кјеза испиша историја!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италија се пласираше во четвртфинале на Европското првенство (ЕП) откако ја совлада Австирја со 2-1, а еден од головите ги постигна Федерико Кјеза во 95. минута.

Фудбалерот на Јувентус се запиша во историјата на ЕП, откако го повтори успехот на татко му од пред 25 години, кој даде гол во 1996 година.

Енрико и Федерико Кјеза станаа првите татко и син кои успеале да постигнат гол на ЕП, а по голот на фудбалерот на Јувентус, во листата на стрелци се запиша и Песина.

Италија во четвртфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Белгија и Португалија.