Феликс направи голема глупост: Заработи црвен картон, а има шанси да паузира до 12 меча?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во петтото коло од шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид на домашен терен одигра 0-0 против Атлетик Билбао, а во завршницата Жоао Феликс заработи црвен картон.

Феликс не се прослави на вчерашниот меч, кога влезе од клупата за резервни играчи во 68. минута, а потоа доби црвен картон поради удар со лакт кон противникот.

Португалецот доби жолт картон, а потоа почна да приговара кај судијата за тоа и го навредил арбитарот, кој без многу дилема му го покажа патот кон соблекувалната.

Поради навредата кон судијата, Феликс би можел да добие долга суспензија, и тоа во период од 12 натпревари.