Фенербахче сака да се повлече од турската Суперлига?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раководството на Фенербахче размислува да се повлече од турската Суперлига доколку не бидат изречени строги санкции против Трабзонспор поради инцидентот во првенството.

Фудбалерите на Фенербахче беа нападнати, при што неколкумина се здобија со повреди, а поради тоа тимот од Истанбул планира да го напушти првенството.

Фенербахче по 30 одиграни кола е втор на табелата со 79 бодови, односно два помалку од Галатасарај, како и 30 повеќе од третопласираниот Трабзонспор.