Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите на Манчестер Сити и Тотенхем играат атомски фудбал во реванш средбата од четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ дојдоа до водство преку Стерлинг во 4. минута, по три минути Сон го израмни резултатот, па во 10. минута истиот играч донесе пресврт.
Веќе во следниот напад Бернардо Силва го израмни резултатот, а во 21. минута Стерлинг го врати водството на Сити.
Како тргнале, ништо чудно натпреварот да го завршат и со десет погодоци.