Ферари прави грешки на секој чекор, ама нема да го менува тимот во боксот!


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Ред Бул по сè изгледа ќе биде шампион во конструктори сезонава, а Макс Ферстапен ќе ја освои шампионската титула, а дел од заслугата за тоа има и Ферари, односно нивните грешки.

Возачите на Ферари се трудат да го дадат максимумот на патеката, но сепак персоналот во боксот прави премногу грешки, а последен кој го почуствува тоа е Карлос Саинц.

Саинц е еден од најдобрите возачи во „најбрзиот циркус“, но сепак лошите тактики на Ферари не му помагаат воопшто ниту на Шпанецот, ниту на Шарл Леклер.

Извршниот директор на тимот, Матија Биното доби критики од поранешниот шампион Нико Розберг, по што кажа дека нема да менува ништо во тимот во боксот.