Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Луис Хамилтон открива дека Ферари мора да направи големи внатрешни промени за да се врати во борбата за титулата светски шампион во Формула 1 по слабиот старт на сезоната 2025.
Луис Хамилтон оваа сезона премина во италијанскиот тим со надеж дека ќе добие шанса за освојување на легендарната осма титула, но не оди сè како што тој замисли.
Ферари по ГН на Канада остана единствениот од ‘големата четворка’ кој сè уште не постигнал победа на главната трка во 2025 година.
Да, досега имаат една победа, но таа беше во спринт трка што сигурно не ги исполнува очекувањата на седумкратниот шампион.
Според неговите зборови, потребна е промена на културата во тимот за Ферари да се врати во борба за титули.
“Секако, барам унапредувања,” рече Хамилтон. “Не знам зошто сè уште не сме донеле нови надградби, верувам дека наскоро ќе има.”
“За мене, состојбата на умот е таква дека ‘треба да се направат многу промени во системот.’ Би сакал да можам да ви кажам што точно се случува. Има многу работи во позадина.”
Фото: Принтскрин