Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд се израдува поради потписот на Џејдон Санчо за „црвените ѓаволи“.
Фердинанд е стручен коментатор на неколку познати медиуми, но се радува на успесите на неговиот поранешен клуб, како и на неговите потези.
„Ѓаволите“ денеска потврдија дека потпишале договор со Санчо, а Фердинанд веднаш објави фотографија на социјалните мрежи на кои може да се забележи како му ја отвора капијата од „Олд Трафорд“.
Секако, фотографијата е монтирана, а истата стана хит меѓу навивачите на премиерлигашот на социјалните мрежи.
„Му посакувам добредојде на Санчо во Манчестер јунајтед“, напиша Фердинанд.