Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд откри дека бил во многу тешка ситуација откако починала неговата сопруга Ребека, со која има три деца.
Ребека почина од тешка болест во 2015 година, а тоа бил голем удар за легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“.
„Речиси секоја вечер земав да пијам. Бев во многу лоша ситуација. Сепак, мојот живот се промени кога ја сретнав Кејт. Мислев дека не можам никогаш повеќе да бидам среќен, но потоа се случи нешто чудно“, открива Фердинанд.
Фердинанд сними документарен филм за неговиот живот, кој наскоро се очекува да биде емитуван на „Би-би-си“.