Фердинанд се скара со Карагер поради Касемиро


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Касемиро не се прослави во дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул (0-3), па поради тоа доби големи критики од навивачите, но и легендарниот Џејми Карагер.

Карагер му порача на Касемиро да го напушти фудбалот, а тоа го налути Рио Фердинанд.

„Слушнав како Карагер му вели да го напушти фудбалот. Сметам дека тоа е непочит. Касемиро има направено многу за фудбалот“, кажа Фердинанд.