Фердинанд знае кој ја заслужува Златната топка


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд е воодушевен од играта на Ламин Јамал и јавно порача дека играчот на Барселона заслужил да биде во борбата за Златната топка.

Јамал беше без дилема најдобриот играч на Барселона во овој натпревар и покажа дека игра во фантастична форма. Поради тоа се огласи и Рио Фердинанд, кој го истакна Јамал како прв фаворит за освојување на Златната топка.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед порача дека доколку Барселона ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, не смее да има дилема дека Јамал треба да ја добие Златната топка, иако можеби по бројките Рафинја е подобар од него.

“Не знам дали постои фудбалер во овој момент кој со својата игра предизвикува такво возбудување на секој натпревар. Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш немам дилема дека тој мора да ја освои Златната топка”, рече Фердинанд.