Фергусон кажа што му треба на Манчестер јунајтед за да стане шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред неколку дена го освои трофејот во Лига Купот со победата од 2-0 против Њукасл, по што на прославата се појави и легендарниот тренер Алекс Фергусон.

Фергусон беше на трибините на „Вембли“ за време на натпреварот, а потоа даде коментар за тоа што им треба на „ѓаволите“ за да станат шампиони во Премиерлигата.

„Рашфорд не е централен напаѓач, односно игра по левата страна и таму е фантастичен. За жал, тој е единствен извор на голови, а ќе биде подобро за екипата да има и централен напаѓач, т.е. голгетер“, кажа Фергусон.

Рашфорд оваа сезона постигна дури 25 гола во сите натпреварувања.