Фергусон му даде поддршка на Тен Хаг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната и има катастрофални резултати поради кои навивачите бараат отказ за тренерот Ерик Тен Хаг.

Очекувањата беа големи, но навивачите се разочарани и повторно медиумите почнаа да шпекулираат дека Холанѓанецот ќе добие отказ.

Легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон, сепак, му даде поддршка на Тен Хаг.

„Алекс Фергусон е најголемата причина што Ерик Тен Хаг се уште е менаџер на Јунајтед. Тој е импресиониран од работата на Холанѓанецот и убеден е дека ако му се остави време, ќе го врати клубот на шампионските патеки. Дури и ако клубот добие нови газди, Фергусон силно ќе се заложи кај нив да го остават на менаџерската позиција“, кажа неименуван извор од Манчестер јунајтед за британски „Сан“.