Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот од баражот за пласман на Европско првенство (ЕП) меѓу Србија и Шкотска беше драматичен, а тешко му падна и на легендарниот тренер Алекс Фергусон.
Фергусон призна дека заплакал кога видел како Рајан Кристи почнал да плаче по пенал-серијата.
„Кога Србија ни даде гол во последна секунда, си помислив: Одиме на продолженија, немаме шанси. Но, потоа нашите фудбалери се пласираа на ЕП. Јас веќе почнав да плачам кога го забележав Рајан. Тоа беше фантастично“, вели Фергусон.
Фергусон кажа дека тие солзи биле доказ колку им значела победата на луѓето од Шкотска.
„Кристи плачеше за Шкотска, за секој навивач на нашата земја. Тоа е голема љубов кон Шкотска и фудбалот“, кажа тренерот.