Фергусон за враќањето на Роналдо: Не можев да го замислам во дресот на Сити!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед и дебитираше на најдобар можен начин, односно со два гола против Њукасл.

За неговото враќање зборуваше поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон, кој е еден од луѓето кои помогнаа во трансферот на Роналдо.

„Многу луѓе беа вклучени во трансферот. И јас помогнав за да се врати Роналдо. тоа беше многу важно. За мене е олеснување затоа што не би можел да го замислам во дресот на Манчестер сити“, вели Фергусон.

Роналдо ќе биде предводник на „ѓаволите“ во новата сезона и се очекува да помогне во освојување на Премиерлигата и останатите натпреварувања.