Фернандеш добива награда од Манчестер јунајтед по двата гола против Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Бруно Фернандеш вчера постигна два гола против Македонија и ја остави без шанса да заигра на Светското првенство (СП) во Катар.

Неговите одлични настапи наскоро ќе бидат крунисани со нов договор, откако Манчестер јунајтед му подготвил подарок.

Фернандеш ќе добие соработка до јуни 2027 година, па наскоро треба да стави потпис на новиот договор и така да потврди дека ќе остане во редовите на „црвените-ѓаволи“.

Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2020 година, а веднаш стана лидер на екипата, додека во минатото настапуваше за Спортинг Лисабон, Сампдорија, Удинезе, Новара и Боависта.